Видео хит: Кармин кој трае 10 часа

Во моментов карминот кој се лупи и трае до 10 часа е апсолутен хит на социјалните мрежи. Доста е практичен поради долготрајноста на бојата, за разлика од обичните кармини кои можеме да ги „изедеме“ за кратко време.

Единствено што треба да направите е да ги намачкате усните со течниот кармин, почекајте да се исуши и излупете ја бојата. На усните ќе Ви остане боја која ќе Ви трае и до 10 часа. Не заборавајте да направите ексфолијација на усните пред да го нанесете и не нанесувајте балсам по ексфолијацијата, бидејќи помалку е веројатно дека карминот ќе делува.

Овој кармин Ве советуваме да го нанесувате со четкичка за нанесување кармин.

По лупењето овој кармин ќе има мат ефект.

 

Е.С

 

pic1/ shefinds.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.