Етерични масла-влијание врз кожните проблеми

Етеричното масло е висококонцентриран производ и токму поради тоа, при употреба внимателно треба да ја одредите дозата. Доколку пред употреба не го разредите, многу е веројатно дека кожата ќе се иритира и ќе има алергиска реакција.

Треба да знаете дека при долготрајна употреба на едно исто етерично масло кожата може да стане преосетлива на него, па потребно е да го замените со друго.

Камилица. Врз кожата делува протв-воспалително. Одлично е и за осетлива или сува кожа.

Лаванда. Лавандата е одлична за лекување на секаков вид кожни проблеми.

Мирта. Ѝ овозможува еластичност и хидратација на кожата.

Вербена. Го стимулира отстранувањето на токсините од кожата.

SLIKA-2

Смиље. Врз кожата делува против-воспалително, помага при лекување на рани, хематоми, лузни, стрии, хемороиди, а го стимулира и создавањето на нови клетки.

Рузмарин. Одлично е за регенерација на кожата, бидејќи помага во создавање нови клетки. Помага и при отстранување токсини.

Ниаули. Има антисептичко, антиалергиско и антивирусно дејство врз кожата.

Цистус. Ја спречува појавата на брчки и ширењето на инфекции на кожата. Го спречува крварењето од мали рани.

SLIKA-3

Темјан. Иако има антисептичко дејство, сепак тој е многу нежен за кожата. Одличен е за решавање проблеми со акните и со габичните инфекции.

Чајно дрво. Одличен антисептик кој е подобар и од алкохолот. Помага при уништување на патогени микроорганизми.

 

Е.С.

 

pic1/ naturesownessence.com

pic2/ lovingscents.com

pic3/ flipboard.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.