За поздрава коса – миење со оризова вода

Жените од Кина и Јапонија веќе со векови ја употребуваат оризовата вода за миење на косата.

Ако сакате и Вие да имате поздрава, посјајна и поцврста коса подгответе си оризова вода на начин што ќе го сварите оризот, а потоа ќе го процедите низ цедалка.

SLIKA-2

Пред да ја нанесете оризовата вода на косата, измијте ја со шампон. Оризовата вода треба да биде млака или ладна. По нанесувањето на оризовата вода убаво измасирајте ја главата и оставете да отстои 3 минути. Потоа исплакнете ја и исушете ја косата како вообичаено.

SLIKA-3

Доколку Ви остане оризова вода не ја фрлајте. Ставете ја во шише со капаче и чувајте ја во фрижидер најмногу 7 дена.

 

Е.С.

pic1/ marieclaire.com

pic2/ aljazeera.com

pic3/ blog.freepeople.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.