Суперхрана – авокадо

Некои не го познаваат, а некои го консумираат во своето мени. За предностите на ова тропско овошје кое потекнува од Средна и Јужна Америка, се зборува се повеќе.  За почеток, да погледнеме некои од неговите позитивни дејствија:

  • Изобилува со многу витамини меѓу кои А, Д, Е и К,  и минерали меѓу кои калциум и магнезиум.
  • Богат е со антиоксиданти и диетални влакна корисни за дигестивниот систем.
  • Содржи добри масти, и го смалува нивото на лошиот холесторол а го покачува нивото на добриот холесторол.
  • Штити од рак на дојка
  • Ги заштитува очите од болести

Дали знаевте дека авокадото е највкусно и најлесно за употреба (особено како намаз) кога е помеко? Не се загрижувајте доколку на продажното место не можете да најдете помеко авокадо, тоа за некој ден ќе созрее, така да бидете стрпливи и почекајте за да можете да го дегустирате во неговата најслатка форма. Авокадото е познат и по сосот гвакамоле каде се приготвува заедно со сок од зелен лимон, домат, кромид, коријандер, и пиперчиња по желба (најчесто чили).  Доста е популарен во редовната исхрана на многу модели кои го комбинираат како намаз на интегрален тост-леб за појадок, но може да се користи и во многу други варијанти како состојка за разни сосови, за подготовка на салати, колачи, смути, овошни салати.

 

*ГАЛА-избор: Маска за коса со авокадо

За негата на косата со цел оживување и враќање на сјајот, пробајте ја оваа маска. Потребно ви е едно авокадо, 2 лажици мед и 2 лажици маслиново масло. Се препорачува и додаток на малку мајонез (отприлика 2 лажици) за подобар ефект. Истолчете го авокоадото и дојдате ги другите претходно набројани состојки. Смесата треба да се меша додека не стане хомоген. Потоа, се става на косата и се масира најмногу 3-5 минути, а после масажата маската треба да се остави да делува околу 20-25 минути. Потоа, продолжете со вашата рутина на миење коса.

 

Ц.Б.