Посилни од настинката!

За што може да Ви помогне ГАЛАПРО® колекцијата?

-Олеснување на симптомите на грип и настинка.

-Го зајакнува имунолошкиот систем.

-Прополисот е смолеста супстанца која содржи различни видови на смоли, восоци, етерни масла, полен и други органски соединенија. Оваа супстанција има докажано имуностимулативни дејствија. На овој начин, прополисот го заштитува организмот од нападите на патогени микроорганизми и го зголемува имунитетот. Прополисот има антибактериско, антивирусно, антифунгално, антиинфламаторно и антиоксидативно дејство.

SLIKA-3

 

Производи:

ГАЛАПРО® сируп со прополис и витамин Ц 

Галапро® сирупот се користи превентивно кога постои ризик од инфекција или после болест.
Помага при:
– Губење на апетит.
– Зголемена физичка и интелектуална активност.
– Физички и емоционален стрес.
– Недостаток на концентрација и аксиозност.
– Се користи за олеснување на симптомите на грип и настинка (акутни ихронични инфекции на респираторниот систем.

Пакување: 100 ml

 

ГАЛАПРО® капки со прополис за деца

Се препорачува да се користат превентивно во ситуации каде постои ризик од појавување на инфекции:
– Настинка.
– Грип (акутни и хронични инфекции на респираторниот систем).
– Недостаток на апетит.
– Опоравување после болест.
– Надворешни воспалителни состојби како што се абцеси, рани, eкземи, изгореници и херпес.

Пакување: 10 ml

 

ГАЛАПРО® капки со прополис за возрасни

Галапро® капките со пропoлис за возрасни се препорачува да се употребуваат превентивно во случаи на:

– Настика и грип (акутни и хронични инфекции на респираторниот систем ).

– Физички и емоционален стрес.

– Недостаток на апетит.

– Опоравување после болест.

– Зголемени физички или интелектуални активности.

– Надворешни воспалителни состојби како што се апцеси, рани, екземи, изгореници и херпес.

Пакување: 10 ml

 

ГАЛАПРО® спреј со прополис

Дејството на Галапро® спреј за грло и уста е збогатено со дејството на ментолот и активните компоненти на

етерични масла од еукалиптус, нане и жалфија. Активните компоненти на етерично масло од жалфија имаат антисептично, адстрингентно и антиинфламаторно дејство.

Се препорачува за:
– Воспаленија, болки во грлото, ангина и ларингитис.
– Гингивит (воспалени непца) и крварење на непцата.
– Парадентоза.
– Рани во устата и афти.
– Механички повреди како последица на стоматолошки интервенции и забоболка.
Пакување: 50 ml

 

ГАЛАПРО® раствор за инхалација со прополис

и ГАЛАПРО® инхалатор

Дејството на прополис во Галапро® растворот за инхалација е збогатено со дејството на ментолот и активните компоненти на етерични масла од еукалиптус, нане, бор и жалфија. Се препорачуваат топли влажни инхалации за да се трансформира густата секреција во течна форма и да се олесни нејзиното отстранување од дишните патишта. Галапро® растворот за инхалација се препорачува за прочистување и одржување на проодноста на дишните патишта. Посебно се препорачува при состојби на: настинки, грип, акутни и хронични воспаленија на слузницата на усната шуплина и грлото, акутен и хроничен бронхит.

Пакување: 50 ml

 

ГАЛАПРО® дентален гел со прополис за деца

Галапро® денталниот гел со прополис за деца претставува комлексна смеса на биофлавоноиди, смоли, етерни масла, полен, минерали и витамини. Поседува антифунгално, антиинфламаторно, антиоксидативно и анестетско дејство. Содржи етерно масло од нане и камилица кои поседуваат антифлогистичко, антисептично, бактерицидно и антиинфламаторно дејство. Се употребува за:
– За ублажување на тешкотиите при никнување на запчиња.
– Воспалени непца.
– Афти, рани и други оштетувања како последица на стоматолошки интервенции.
Пакување: 30 ml

 

ГАЛАПРО® дентален гел со прополис за возрасни
Дејството на Галапро® денталниот гел за возрасни со прополис е засилено со дејството на активните компоненти од есенцијалните масла на нането и камилицата. Активните компоненти на есенцијалното масло од камилица има антифлогистично, антисептично, бактерицидно и антиинфламаторно дејство. Активните компоненти на есенцијалното масло од мента има анестетско и антисептично дејство. Галапро® денталниот гел со прополис за возрасни се препорачува за:

– Воспалени, крвави и оштетени непца.
– Парадентоза.
– Афти и ранички на устата.
– Механички оштетувања од стоматолошки интервенции.
Пакување: 30 g

 

ГАЛАПРО® стик за нега на усни со прополис

Галапро® стикот за усни:
– Ги заштитува усните од надворешните влијанија и овозможува брза регенерација.
– Овозможува максимална заштита на усните.
– Заштитува од штетните сончеви зраци.

Пакување: 5 ml

 

ГАЛАПРО® вагитории со прополис

Дејството на Галапро® вагиториите се должи на присуството на прополис, кој применет локално дејствува антимикробно, антипаразитско и анти инфламаторно. Примената на Галапро вагиториите доведува до ублажување на симптомите и ја забрзува епителизацијата на оштетената слузница на вагината како последица на разни инфективни процеси.

Галапро® вагиториите со прополис се користат:
– При третман на воспалителна вагинална слузница.
– За забрзување на епителизацијата на слузницата настаната од различни инфективни процеси.

Пакување: 10 вагитории

 

SLIKA-2

Произведува: Галафарм Скопје