Еден бренд, три производи (рецензија)

Овој викенд сакав да направам поразлични текстови од оние кои секојдневно може да ги прочитате на сајтовите за убавина, а се поспецифични за нас блогерите.

Па така, овој викенд тука во мојата рубрика ќе може да прочитате класична рецензија на производи, но во некаласична форма за блог пост. Тука ќе може да прочитате рецензија за 3 производи од еден ист бренд.

Денес се одлучив тоа да биде брендот Yves Rocher, а производите гел за туширање од ванила, сет за нега на тело од кокос и млеко за лице од камилица. Па да започнеме:

SLIKA-2

 

Purecalmille Млеко и тоник од камилица– млекото и тоникот се два производи за лице кои треба да ја сочинyваат Вашата секојдневна нега на лице. А нешто попрактичен производ е овој на Yves Rocher каде компанијата ги споила и двата производи во еден извонредно добар. Самиот производ е сместен во пластична амбалажа од 200 мл. количина доволна за неколкумесечно секојдневно користење. Самата текстура на производот е доста мазна, воденкасто нежна што на кожата на лицето и дава неверојатна нежност, мекост и еластичност. Камилицата која е сместена во овој производ, и помага на кожата во борбата против различните иритации и црвенила, нежно ја чисти и од неа ја отстранува целата маснотија и нечистотија. Одличен производ за брза и ефикасна нега на лицето, со негово нанесување наутро и навечер. Притоа, уште една позитивна работа кај овој производ е тоа што тој не се измива, па сите оние жени и девојки кои немаат многу време за секојдневна рутина на нега, слободно можат да се потпрат на само еден производ и како резултат да добијат совршено негувана кожа на лице.

SLIKA-4

Plaisirs 3 Гел за туширање од ванила – гелот за туширање  е еден од основните производи за нега на кожата на телото па затоа е потребно секогаш да избирате природни производи кои ќе ја негуваат Вашата кожа и нема да ја исушат. Затоа, мојата потрага по нов гел за туширање застана тука,кај производите за нега на тело на брендот Yves Rocher и тоа во неколку варијанти, а тука ќе ви ги прикажам од ванила и од кокос. Гелот за туширање од ванила има одличен мирис на ванила кој ќе им се допадне на сите љубители на ванилата каква што сум и јас. Самиот гел е доста концентриран па потребна ви е мала количина од самиот производ за целото тело. Покрај тоа, овој гел создава и сосема густа и пријатна пена која Вашето туширање ќе го претвори во вистинско уживање. После овој гел,кожата е мека ,чиста и миризлива и по неколку денови.

SLIKA-1

Plaisirs 3 Лосион за тело и гел за туширање од кокос– иако ова е сет а не само еден производ, сакав да ви го прикажам тука како еден навистина одличен склоп кој ќе ви помогне во тоа да Вашата кожа изгледа заводливо мазна, дискретно светкава и миризлива. Гелот за туширање, како и оној од ванила, е одличен лесен, доста концентриран и создава извонредна пена. Па така, едностано но темелно ќе го исчистите Вашето тело и ќе го припремите за она што следи, а тоа е лосионот кој ќе ја нахрани кожата и ќе и овозможи целосна нега.

Лосионот од кокос е лесен лосион кој дава чуство на свежина и пријатен дискретен мирис на кокос кој на кожата ќе се задржи со денови. Неговата блага формула , на кожата и пружа доволна хидратизација како таа би била здрава и  негувана, но никако масна и презаситена од одреден производ. Исто така,овој лосион ќе ја направи Вашата кожа свиленкаста и со мал дискретен сјај, кој пак одлично ќе се вклопи во Вашата женственост. Неговата количина од 400мл го прави одличен за неколкумесечно секојдневно користење, за сосема пристапна цена.

SLIKA-3

 

Марија Ѓорѓијоска Анѓелеска, beauty-блогер и сопственик на блогот My Make Up Bag M

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.