Како да ги нашминкате крупните очи?

Крупните очи се сон на секоја девојка, но оние кои ги имаат пак, често се жалат дека изгледаат пренападно.

Доколку и Вие сте една од оние со крупни очи и доколку сакате визуелно да Ви изгледаат помали, тогаш следете ги овие совети:

Туш за очи. На очите секогаш нанесувајте туш по должината на целиот горен капак, но крајот на окото немојте никогаш премногу да го исцртувате нагоре, бидејќи тоа дополнително визуелно ќе Ви ги зголеми очите.

Smokey eyes“. Овој изглед е идеален за Вас бидејќи визулено ги намалува очите. За разлика од оние кои имаат помали очи и кои мораат да нанесуваат дополнително бела сенка за очите да им бидат покрупни, Вие тоа не мора да го правите. Без проблем можете да нанесувате само темна сенка и изгледот на окото да го надополните со туш или моливче за очи.

SLIKA-2

Сенки за очи со потемна боја. За Вашите очи совршени се црните, кафеавите, сивите или маслинестите нијанси. За подобар изглед нанесувајте мат сенки.

Фокус на друг дел од лицето. Освен со начинот на шминкање на очите, визуелно можете да ги намалите доколку во фокус ставите друг дел од лицето. На пример, на усните нанесете кармин со посилна боја или пак, на јаболкниците нанесете руменило со посилна розева или портокалова боја.

SLIKA-3

Шишки. Добро стилизирани шишки кои ќе бидат прилагодени на обликот на Вашето лице визуелно може да ја намали големината на очите.

 

Е.С.

 

pic1/ es.maybelline.com

pic2,3/ pinterest.com

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.