Маска од зеленчук за нега на деколтето

Деколтето претставува еден од најзаводливите и најженствените адути за заведување, но и доволно нежно подрачје кое морате да го негувате на посебен начин. Природните третмани можат да ја хидрираат кожата, да ја забрзаат регенерацијата и производството на колаген и да го успорат процесот на стареење.

Затоа, Ви нудиме природна маска на база на зеленчук со која на деколтето ќе му пружите ваква посебна нега.

SLIKA-2

Потребни состојки:

1 краставица

1 морков

1 шака сецкана бела зелка или 1 компир

SLIKA-3

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Ќе добиете густа смеса која ќе ја нанесете на целото деколте, врз неа ќе ставите топла облога и ќе ја оставите на Вас 20 минути. Потоа исплакнете со млака вода.

Краставицата ќе ѝ ја даде потребната хидратација на кожата, морковот ќе ја регенерира, а зелката или компирот ќе го намалат црвенилото или воспалителниот процес доколку го имате (особено во летниот период).

 

Е.С.

 

pic1/ bestofbothworldsaz.com

pic2/ alpha.wallhaven.cc

pic3/ stilmarketkrd.ru

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.