Љубовни зборови: Шепот

Ти пријдов тивко додека спиеше…Тивко чекорев на прсти за да не ме чуеш, бидејќи толку мирно, толку слатко спиеше. Не сакав да те разбудам. Ќе се побунеше во полусон, но пак ќе заспиеше. Сепак, не сакав да те разбудам. Те прашав дали ме сакаш…Не дека не знаев, знаев…Ти не се разбуди, но се доближив, погледнав подлабоко, те погледнав тебе, твоето лице, твоето дишење…Како да рече ДА. Сакав да го почувствувам тоа без да го изговориш, и успеав во тоа. Тие зборови како некој скокот ме почешаа почнувајќи од косата…Ги чувствував по цело тело, токму како скокотот: Изнудија насмевка на моето лице!

 

Ц.Б

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.