Маникир во домашни услови

Доколку не сакате да одите на професионален маникир, ноктите лесно и едноставно можете да ги негувате и да си направите сами на себе маникир и во домашни услови.

Секој маникир започнува со топла купка за ноктите. Доволно е да одвоите 5 минути и да ги натопите врвовите на прстите во сад со топла купка со цел ноктите и кожата околу ноктите да омекне. Потоа, на ноктите втријте капки за интензивна нега со кератин и пантенол, земете стапче од стебленце од ружа и кутикулите туркајте ги навнатре. Не заборавајте на обликот на ноктите. Земете турпија и обликувајте ги во посакуваниот облик.

SLIKA-2

На ред следи лакирањето. Пред да се налакирате со омилената боја, на ноктите нанесете базен лак кој ќе претставува слој меѓу ноктот и лакот. Базата ќе му овозможи зацврстување на ноктот, а ќе го спречи и жолтеењето на ноктите доколку употребите поинтензивна боја. Откако ќе се исуши базата, нанесете го првиот слој лак, а откако ќе се исуши и овој слој – нанесете уште еден. Ноктите ќе Ви изгледаат совршено!

 

Е.С.

 

pic1/ a-la-rox.com

pic2/ thehautemess.com

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.