Ружата како дел од ритуалот за разубавување

Од дамнешни времиња па сè до денес, ружата е најпопуларното цвеќе кое се употребува во служба на убавината. Во дрогериите можете да најдете секакви производи за убавина во кои главната состојка е ружата, од миризливи купки, сапуни, до тоалетни води, етерични масла и парфеми.

Купка од ружа. Наполнете ја кадата скоро до горе со топла вода. Во неа додадете цела шака крупна морска сол, неколку капки масло од ружа и 2 шаки ливчиња од ружа. Време е да се почувствувате како кралица! Оваа купка можете да ја правите постојано, бидејќи никогаш нема да имате негативни ефекти.

SLIKA-2

Етерично масло од ружа. Има позитивно влијание врз депресијата, нападот на паника, стрес, нервоза. Дури го намалува и чувството на осаменост.

Оцет од ружа за проблематичен тен. 125 гр. свежи ливчиња од ружа прелијте ги со 1л. вински оцет и оставете ги да отстојат 9 дена, а потоа мачкајте ги оние делови од телото кои Ве чешаат. Одличен е и за отстранување на пеги.

Вода од ружа. За да ја смирите надразнетата кожа или за позитивно да ја третирате кожата со акни, подгответе си вода од ружа. Една шака ливчиња од ружа попарете ги со врела вода, а потоа оставете да се олади. Постојано на кожата нанесувајте од оваа вода.

SLIKA-3

 

Е.С.

 

pic1/ motherearthliving.com

pic2/ thesilverspoon.com

pic3/ inhabitat.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.