Алхохолот-течна калориска бомба

Поголемиот број луѓе знаат дека консумирањето алкохол доведува до зголемување на обемот на стомакот, но истите тие луѓе тоа го „забораваат“ кога ќе дојде викендот.

Кога го нарачувате пијалокот можеби и не размислувате за неговата калорична вредност, па затоа ние Ви даваме листа на пијалоци со вклучени калории, јаглехидрати и протеини.

Пиво. Едно шише пиво содржи од 150 до 200 калории (зависно од содржината на алкохол), од 10 до 20 гр јаглехидрати и од 1 до 2 гр протеини.

Црвено вино. Една чаша црвено вино содржи 102 калории, 5 гр јаглехидрати, 0 гр протеини.

SLIKA-2

Бело вино. Една чаша бело вино содржи 120 калории, 0 гр јаглехидрати, 0 гр протеини.

Шампањ. Една чаша шампањ содржи 89 калории, 1,6 гр јаглехидрати, 0,4 гр протеини.

Мартини. Една чаша мартини содржи 70 калории, 17 гр јаглехидрати, 0 гр протеини.

SLIKA-3

Бренди. Една чаша бренди содржи 72 калории, 0 гр јаглехидрати, 0 гр протеини.

Бакарди. Една чаша бакарди содржи 52 калории, 2,8 гр јаглехидрати, 0 гр протеини.

Виски. Една чаша виски содржи околу 85 калории (во зависност од видот), 0 гр јаглехидрати, 0 гр протеини.

Водка. Една чаша водка содржи 72 калории, 0 гр јаглехидрати, 0 гр протеини.

Џин. Една чаша џин содржи 72 калории, 0 гр јаглехидрати, 0 гр протеини.

Бејлис. Една чаша бејлис содржи 130 калории, 7,4 гр јаглехидрати, 1,2 гр протеини.

 

Е.С.

 

pic1/ weheartit.com

pic2/ mypreciousarrival.com

pic3/ brit.co

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.