Каква крема за околу очи да изберете?

Одлучивте да започнете со користење на крема за нега околу очи, со цел да спречите предвремено стареење и да изгледате помладо, поенергично, но истовремено хидрирано? Но, премногу избор на креми за нега на околу очи, различни брендови, различни препораки.

Бидејќи сте во потрага по специфичен, „чувствителен“ производ, за кој е многу важно да биде квалитетен и ефективен,  пробајте ја Sensilis Face Care кремата за околу очи, која ги има претходно набројаните главни карактеристики, поради нејзиното дејство кое се должи на докажаниот квалитет на моќната состојка Ресвератрол (екстракт од црвено вино) и Тетрапептид-21.

Зошто овие состојки се толку добри? Стручниот и високопрофесионален тим на Галафарм ни објасни:

Ресвератрол е моќна активна компонета добиена со екстракција од црвено вино, произведено на плантажите во Франција. Ресвератролот ја штити кожата од штетното УВ зрачење, помага при воедначување на тенот, ја намалува појавата на брчки, ја затегнува кожата и ги измазнува ситните линии околу очите, устата и на челото.

Според добиените резултати од научните истражувања, Ресвератрол:
– Ја намалува појавата на брчки: до 61%
– Ги измазнува ситните брчки и линии околу устата: до 55 %
– Ги измазнува ситните брчки и линии околу очите: до 51 %
– Го изедначува тенот на кожата: до 61 %
Биоактивниот тетрапептид -21 е активната компонента од протеините кој што се природно присутни во кожата на човекот, тој го поттикнува обновувањето на најзначаните компоненти на кожата и поседува моќен потенцијал за заштита на кожата од стареење.

Според добиените резултати од научните истражувања Тетрапептид-21:
– Ја подобрува еластичноста на кожата: до 41 %
– После 4 недели употреба видливо ја подобрува структурата на кожата и ја намалува видливоста на брчки и старечки дамки.

Конкретно, кремата за околу очи, Sensilis Face Care, ја намалува појавата на темни кругови и брчки околу очите, видливо ја затегнува кожата давајќи и свеж и блескав изглед.

– Ги намалува темните кругови околу очите.
– За мазна кожа со младешки изглед.
– Збогатена со витамини, екстракт од црвено вино и тетрапептид.
– Наменета за сите типови на кожа.

 

Во продажба ја има во пакување 25 ml.

Производител: Галафарм Скопје