Маскара која не се нанесува со четкичка

Сите сметаме дека четкичката е најважна кога станува збор за нанесување маскара, но не и компанијата „Hourglass“.

Тие ја произведоа првата маскара без четкичка. Маскарате се нанесува со – како што велат тие – алат за трепки, изработен од не’рѓосувачки челик.

Curator Lash Instrument е маскара во златно пакување создадена од советите на светските дизајнери. Врвот на овој инструмент е дизајниран совршено и рамномерно да ја нанесува бојата врз трепките, од самиот корен до врвовите. Резултатот е подефинирани и софистицирани трепки.

SLIKA-2

Откако ќе Ви се потроши маскарата, инструментот не треба да го фрлате, за разлика од останатите маскари со чекички, туку едноставно набавете си ново шишенце со маскара, а инструментот исчистете го. Можете да го исчистите со мека ткаенина или со сапун и вода, а доколку сакате потемелно чистење, можете да употребите алкохол.

SLIKA-3

 

Е.С.

 

pic1/ dailytimes.com.pk

pic2/ thewindow.barneys.com

pic3/ hourglasscosmetics.com

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.