4 решенија за испукани пети

Испуканите пети се резултат на топлото лето и носењето на отворени чевли. Секако дека низ продавниците можете да сретнете многубројни производи кои ги хидрираат сувите стапала, но ние Ви нудиме други производи за нега кои веќе ги имате во својот дом.

Маслиново масло. Пред спиење, маслиновото масло нанесете го на стапалата и воедно масирајте ги, особено критичните места. Потоа, облечете чисти памучни чорапи и оставете ги да отстојат така во текот на ноќта. Наутро, кожата на стапалата ќе Ви биде понежна. Доколку Вашите пети се премногу испукани, нормално е дека ќе треба да се лекуваат подолг период. Оваа постапка правете ја неколку пати во текот на неделата за да имате видливи резултати.

SLIKA-2

Средство за плакнење на устата. Во поголем сад измешајте еднаква количина средство за плакнење на устата со топла вода и со оваа мешавина натопете еден пешкир. Со тој пешкир завиткајте ги стапалата и оставете ги да отстојат половина час. Потоа, со истиот пешкир истријте ги стапалата. На тој начин ќе ја отстраните сувата кожа и мртвите клетки и стапалата ќе Ви станат меки и нежни. На крајот, нанесете крема за хидратација на стапала.

Вазелин. Вазелинот е едноставен за употреба. Само нанесете вазелин на стапалата, облечете чисти памучни чорапи и оставете го да делува.

SLIKA-3

Топла солена купка. Во сад со топла вода ставете една шака сол, промешајте добро за да се стопи солта, а потоа ставете ги стапалата внатре и држете ги така 15 минути. Исушете ги добро стапалата и нанесете крема за хидратација или вазелин. Потоа, облечете чисти памучни чорапи за стапалата да ја впијат кремата.

SLIKA-5

 

SLIKA-4

 

Е.С.

 

pic1/ my.dek-d.com

pic4/food.ndtv.com

pic5/vaseline.us

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.