„Smoothie“ со калинки

Ова ниско-калорично smoothie е богато со влакна кои помагаат при регулирање на шеќерот во крвта. Но, исто така содржи и многу други антиоксиданси кои на мозокот му овозможуваат подобро функционирање. Ве советуваме да го пробате уште сега.

SLIKA-2

Потребни состојки:

1 шоља сок од калинки

2 супени лажици грчки јогурт

1 супена лажица масло од ленено семе

½ шоља замрзнати јаготки

2 супени лажици мед

3 коцки мраз

slika-3

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во 2 чаши и декорирајте со калинки.

 

Нутритивни вредности (1 чаша):

калории – 262

масти – 14 гр

заситени масти – 1,3 гр

натриум – 31 мгр

јаглехидрати – 35 гр

влакна – 3 гр

протеини – 3 гр

 

На здравје!

Е.С.

 

pic1/ theafricachannel.com

pic2/ cukzy.com

pic3/ thebearfootbaker.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.