Навики кои негативно влијаат на убавината

Лошите навики најчесто се резултат на стрес и неправилна хигиена. Иако многу е тешко да се одвикнете од навиките, доколку би знаеле дека тоа влијае врз Вашата убавина и перцепцијата на другите кон Вас, се надеваме дека многу полесно ќе ги искорените овие лоши навики. Еве некои од лошите навики кои Ви штетат во секој поглед:

Стискањето на акните. Доколку сте од оние кои цел живот имаат проблеми со акните, сигурно знаете дека тие можат да направат да се чувствувате непријатно. Веруваме дека досега сте пробале на секаков начин да ги отстраните, но без успех. Веруваме и дека стискањето на акните еден од начините да ги отстраните, но тоа уште повеќе ја влошува ситуацијата. Затоа, Ве советуваме оваа работа да им ја препуштите на дерматолозите, а вие повеќе да внимавате на хигиената.

Грицкањето на ноктите. Грицкањето на ноктите доведува до слаби, лесно кршливи нокти, изгрицкана кожа, проблеми со забите, но и многу медицински проблеми, како инфекција на неразвиеното ткиво. За да престанете со оваа лоша навика Ви препорачуваме редовно да посетувате маникир или сами да си ги лакирате ноктите.

Неотстранувањето на шминката. Неотстранетата шминка пред спиење на кожата не ѝ дозволува да дише во текот на ноќта, а тоа доведува до создавање на нови акни и брчки на лицето. Затоа, колку и да сте уморни, секогаш отстранувајте ја шминката пред спиење.

SLIKA-2

Пушењето цигари. Сите веќе ја знаеме штетата која ја предизвикуваат цигарите при пушење. Освен што овозможуваат пожолтени заби, лош здив, брчки, стареење на кожата, тие исто така ја намалуваат количината на витамин Ц во организмот, што доведува до зголемена подлежност на замор, исцрпеност и инфекции.

SLIKA-3

Бланширање на косата. Пречестото фарбање, а особено бланширање на косата доведува до уништување на влакното. Доколку сакате да добиете некоја посветла нијанса, Ве советуваме постепено да ја осветлувате косата само со фарба и да не заборавате на регенераторите и маските за коса.

 

Е.С.

 

pic2/ loveyourbeautyproducts.com

pic3/ searchingforfai.wordpress.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.