Топла купка за подобро здравје

Секоја вечер непосредно пред спиење, Ве советуваме да си подготвите топла купка. Доколку се бањате секоја вечер, Вие значително ќе си го подобрите целокупното здравје, и физичкото и менталното. Еве како:

За смирување на сувата кожа. Од платно направете импровизирана торбичка во која ќе ставите овесни снегулки и заврзете ја со ластиче. Кадата наполнете ја со вода, оставете го торбичето внатре и лежете во кадата од 15 до 20 минути. Кожата ќе Ви стане значително похидрирана и помека.

slika-2

За подобра работа на мозокот. Есенцијалните масла ја подобруваат работата на мозокот. Во кадата со вода додадете есенцијално масло од жалфија кое помага при освежување на помнењето или есенцијално масло од бергамот кое помага при ослободување од стресот.

За проблеми со псоријаза. Сите оние кои имаат проблеми со псоријаза, Ве советуваме да си подготвите топла купка со неколку лажички кокосово или маслиново масло. Маслото ќе ја хидрира кожата и ќе помогне при отстранување на мртвите клетки. Но, немојте да се задржувате во кадата повеќе од 10 минути, бидејќи дури и маслото може да ја исуши кожата.

За лечење на настинка и грип. Топлата купка овозможува да се излачува ендорфин кој помага при борба со болката која се јавува додека имаме настинка или грип. Исто така, може да ги прочисти и дишните патишта, со што ќе го олесни и дишењето.

slika-3

За добар сон. Топлата купка ја зголемува температурата на телото, со што се овозможува подобар и поцврст сон.   

 

Е.С.

 

pic1/ shape.com

pic2/ pinterest.com

pic3/ successpraxis.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.