Благо-кисели диетални мафини

Овие мафини се идеални за појадок доколку сте на диета. Имаат благ вкус поради бананата, но и киселкаст поради малините. Супер е тоа што можете да си ги модифицирате како сакате. Малините можете да ги замените со јагоди, боровинки или други бобинки.

SLIKA 2

Потребни состојки:

2 зрели банани

4 јајца

Малини

Начин на подготовка:

Во еден сад испасирајте ги бананите со вилушка и додадете ги јајцата. Мешајте ја смесата додека не се соедини. Калапот за мафини премачкајте го со масло, во секое ставете по 2-3 малини и прелијте со смесата од банани и јајца. Ставете ги да се печат на 190° околу 12 минути.

SLIKA 3

На здравје!

 

Е.С.

 

pic1/ onejive.com

pic2/ rescuedogsmovie.com

pic3/ rescuedogsmovie.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.