4 грешки кои се прават при нанесување бронзер

Бронзерот може да Ви овозможи заводлив изглед, совршен тен, да Ви ги истакне јаболкниците и одлично да го контурира лицето, но доколку не го нанесете правилно, со него можете да изгледате неуредно и непривлечно. Ова се 4те грешки кои ги правите при нанесување на бронзер:

Не го нанесувате на дневна светлина. Како и секоја шминка, така и бронзерот треба да го нанесувате на дневна светлина. Многу е важно да видите како тој ќе изгледа на Вашето лице кога ќе излезете надвор.

Немате рутина во нанесувањето. Доколку сега почнувате со нанесување на бронзер, не очекувајте дека ќе го нанесете совршено како на видеото кое го гледавте на YouTube. Со сè почестото нанесување на бронзерот, ќе стекнете рутина исто како и девојката од видеото. Започнете со полесните чекори, а потоа усовршувајте се.

SLIKA-2

Нанесувате несоодветна нијанса. Многу е важно да ја изберете токму онаа нијанса која ќе одговара на тенот на Вашата кожа. Доколку имате светол тен, не смеете да одберете многу темна нијанса на бронзер. Тоа ќе овозможи неприроден изглед и ќе Ве направи постари.

„Трупање“ бронзер на јаболкниците. Лицето ќе изгледа најубаво кога со бронзерот ќе му овозможите природно „исончан“ изглед. Не е потребно „трупање“ бронзер на јаболкниците по неколку пати.

SLIKA-3

 

Е.С.

pic1/ byrdie.co.uk

pic2/ fashionlady.in

pic3/ dieutritannhang.vn

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.