Плус килограми кај жените за време на циклус?

Зголемувањето на килограмите, особено во текот на менструалниот циклус, е едно од нештата кои жените не можат да ги смислат. А, еве ги и причините поради зголемувањето на килограмите:

Ги одложувате вежбите. Поради тоа што се чувствувате „подувани“ и имате болна менструација, ги избегнувате и ги одложувате вежбите за периодот по менструалниот циклус. Но, треба да знаете дека токму движењето и потењето ќе допринесат да се чувствувате подобро. Со движењето ќе ги намалите болките и грчевите, а со потењето ќе ја исфрлите вишокот вода во организмот.

Зголемена потреба за храна. Сите јаглехидрати кои дополнително ги внесувате во организмот ја задржуваат водата во телото и поради тоа се чувствувате „подувани“. Затоа, размислете повторно пред да посегнете по грицките и слатките.

SLIKA-2

Зголемено ниво на прогестерон. Во втората половина од менструалниот циклус, нивото на прогестерон расте, а тоа доведува до задржување на водата во телото, а со тоа и зголемување на тежината и зголемена осетливост на градите.

SLIKA-3

Невнесување течности. Многу е важно во текот на менструалниот циклус да внесувате многу течности и белковини кои нема да дозволат нагло зголемување на телесната тежина во текот на менструалниот циклус. Доколку не го правите ова, многу е веројатно дека овие добиени килограми ќе ги задржите и по циклусот.

 

Е.С.

 

pic1/ verywell.com

pic2/ shape.com

pic3/ brunet.ca

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.