Пијалак за подолга младост

Веќе знаеме дека топлата вода со лимон ја подобрува циркулацијата на крвта и ги отстранува токсините од организмот. Но, постои и многу подобар начин да го забрзате овој процес, плус ќе го зајакнете имунитетот.

Станува збор за хлорела и кокосова вода. Хлорелата е едноклеточна, тркалезна, зелена алга и е една од ретките алги кои може да се консумираат. Денес позната е како супер храна со одлична нутритивна вредност. Во себе содржи аминокиселини, минерали, железо, магнезиум, сите витамини од групата Б, витамин Ц и Е, бета-каротен и влакна.

SLIKA-2

Доколку сакате да започнете со нејзино консумирање започнете со 1 гр хлорела измешана со топла вода и како што ќе почнете да се навикнувате на неа (бидејќи може да предизвика мачнина и гасови на почетокот) зголемувајте ја дозата, но не надминувајте 5 гр. Доколку не сакате да го чувствувате вкусот на алгите, многу подобро ќе биде обичната вода да ја замените со кокосова вода. Овој пијалок испијте го половина час пред појадок.

 

Е.С.

 

pic1/ belezadeflora.weebly.com

pic2/ transforming-science.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.