Кафе „latte“ со вкус на тиква и морско оревче

Доколку сте љубител на кафето и тиквата, еве една вкусна комбинација за Вас, без која нема да можете да си ја замислите цела есен.

SLIKA-2

Потребни состојки:

½ шолја млеко

¼ шолја пире од тиква

1 кафена лажица зачин со вкус на пита од тиква

½ кафена лажица екстракт од ванила

½ шолја топло црно кафе

Шлаг

Рендано морско оревче

 

Начин на подготовка:

Во еден сад ставете ги млекото, пирето од тиква, зачинот со вкус на пита од тиква и екстрактот од ванила и загревајте ги 5 минути на средна температура. Содржината сипете ја подеднакво во две шолји, а потоа полека додадете го кафето, исто поделено во две шолји. За подобар естетски изглед внимавајте да не се промешаат пирето и кафето. Одозгора ставете малку шлаг и декорирајте со морско оревче.

SLIKA-3

 

На здравје!

 

Е.С.

 

pic1/ greatideas.people.com

pic2/ foodandwine.com

pic3/ playbuzz.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.