Љубовни зборови: Со едно движење, потег…

Се сеќавам на тоа око, таа „мангупска“ фаца. Кога се видовме првпат, и кога знаев дека си ти, уште пред да се приближиш. Знаев дека си ти тој што го повикував претходно, со својата совест, со својот ум, својата душа. И така и се појави, каков што ти беше и погледот, „мангупски“.

Никогаш не ме привлекувала обичноста, во се, во било што…Како да знаеше како да освоиш женско, не се преправаше знам, едноставно беше ти, и ја освои баш таа која ни самата за себе мислеше дека нема толку лесно да ја освоиш. Но што се можело да направи едно движење, еден потег, еден збор, поглед…Многу!

Секогаш се враќам на тој поглед. Секогаш го забележувам во секој романтичен филм, во секојдневниот живот, во секоја убава љубовна книга го замислувам. Морам да го пронајдам бидејќи се почнува од него, се трае со него, може да те привлече, може да те задржи, може да те издаде.

Морам да признаам дека знаев дека тој „мангуп“ има голема душа и широко срце, дека длабоко се крие личност полна со љубов и дека таа љубов чека да биде дадена на некого. Исто како и мојата што чекаше. Се чекавме и двајцата…

 

Ц.Б

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.