Овие 5 производи се непожелни за лицето

Домашните маски и лосиони за нега на лицето одсекогаш биле и ќе бидат актуелни кога станува збор за убавината. Иако многу производи можат позитивно да влијаат врз кожата, овие 5 Ве советуваме никогаш да не ги употребите:

Шеќер. Без разлика дали го консумираме или го нанесуваме директно врз кожата, шеќерот доведува до слабеење на еластичноста на кожата, па оттаму е и појавата на „висната“ кожа и брчки.

SLIKA-2

Сода бикарбона. Бидејќи содата може да ги избели забите, дали сте размислиле што би можела да ѝ направи на Вашата кожа?

Алкохол. Иако раните се дезинфицираат со алкохол, не го ставајте на раничките или мозолчињата на лицето, бидејќи тој веднаш ќе ја исуши кожата.

Лак за коса. Жените често знаат да употребат лак за коса за да ја „запечатат“ шминката , наместо фиксатор. Треба да знаете дека лакот за коса е содржан од многу хемикалии, кои ги затвораат порите на кожата, а поради тоа се појавуваат и акните на лицето.

SLIKA-3

Млеко за тело. Многу жени млекото за тело го нанесуваат и на лицето како крема. Но, треба да знаете дека кожата на лицето е многу поделикатна од кожата на телото и дека не треба млекото за тело да го поистоветувате со кремите за лице. Млекото често содржи парфем или светки кои што може да ѝ наштетат на кожата на лицето.   

 

Е.С.

 

pic1/ wellandgood.com

pic2/ reference.com

pic3/ makeup.vidalondon.net

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.