„Smoothie“ со крцкав путер од кикирики

Ова smoothie е одлично за оние кои се љубители на путер од кикирики, особено на оној крцкавиот! Претставува извор на протеини, влакна и калциум.

SLIKA-2

Потребни состојки:

1 шолја бадемово млеко (или млеко по желба)

1 банана

2 супени лажици крцкав путер од кикирики

¼ шолја високо протеинска гранола

1 шолја коцки мраз

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Внимавајте да не ги изблендирате премногу состојките. Содржината сипете ја во 2 чаши и декорирајте со гранола.

SLIKA-3

На здравје!

 

Е.С.

 

pic1/ eatloveshare.com.au

pic2/ ohsheglows.com

pic3/ abeautifulmess.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.