Ублажете ја забоболката со овие трикови

Забоболката најчесто се случува во вечерните часови, кога ќе легнеме и кога телото ќе се опушти, а токму тогаш се случува дома да немаме никакви таблети против болки. Затоа, Ви нудиме неколку трикови (проверени стари народни лекови) кои ќе Ви ја намалат болката, барем до изутрината кога ќе можете да отидете на забар.

Каранфилче. Овој зачин има антибактериско и антисептичко дејство. Со здравите заби кратко време џвакајте каранфилче, но внимавајте да не го џвакате со болниот заб, бидејќи може да предизвика дополнителна болка.

Нане. Од 10 до 15 минути држете суво нане на болниот заб. Повторувајте ја оваа постапка неколку пати додека болката не престане. Нането со својата лутина ќе ја „убие“ болката. Исто така, можете да си подготвите и чај од нане. Секоја голтка пред да ја голтнете задржете ја некое време кај болниот заб.

SLIKA-2

Сол. Една кафена лажица сол ставете во малку топла вода и со добиениот раствор 2 минути испирајте го болниот заб. Растворот не го голтајте.

Лук. Бидејќи лукот е познат како природен антибиотик, одлично ќе помогне при забоболката. Исчистете едно чешне лук, ставете му сол и ставете го врз болниот заб. Исто така, чешнето лук можете да го ставите во газа и да го ставите во она уво од чија што страна Ве боли забот.

SLIKA-3

Кромид. Кромидот ситно исецкајте го, ставете го во хартиено марамче и малку згмечете го со прстите. Оваа облога ставете ја врз образот каде се наоѓа болниот заб.

Краставица. Исечете неколку парчиња краставица и ставете ја на и околу забот. За кратко време ќе почувствувате умртвувачки ефект.

Алкохол. На парче памук или газа ставете ракија, коњак или било кој друг алкохолен пијалок и ставете го врз болниот заб. Исто така, може да помогне и една голтка алкохол да ја задржите во устата и потоа да ја плукнете.

Лед. Неколку коцкички лед стевете ги во ќесичка и ставете ја на образот во пределот на болното место. Истото можете да го направите и со ќесичка замрзната храна.

 

Е.С.

 

pic1/ egressydental.hu

pic2/ khoobsurati.com

pic3/ homeremediesfororalthrush.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.