Интересно: Маркери за лакирање на нокти

По Tweexy држачот на лак за нокти кој го олеснува лакирањето на ноктите, на ред следуваат маркерите  за лакирање.

Брендот Ciaté London на пазарот го лансираше новиот производ Mani Marker кој со сигурност го олеснува лакирањето на ноктите, без разлика на тоа дали ќе се употребува во домашни услови или во козметичките салони. Со овие маркери сега слободно ќе можете прецизно да ги лакирате ноктите без да се намачкате и на кожата. Посебната структура на четкичката овозможува совршено покривање на ноктот во еден потег. Исто така, не е потребно нанесување на база. Освен тоа, лакот се суши за 3 минути, што го прави совршен кога сте во брзање.

При нанесувањето на лакот, единствено што е потребно е ноктите да Ви бидат чисти и суви. Внимавајте при нанесувањето на лакот да ја задржите истата јачина на притискање на четкичката преку целиот нокт.

SLIKA-2

Маркерите можете да ги најдете во 5 бои: Lady Luck – црвена, Beauty Queen – розева, Thrill Seeker – тиркизна, Vintage Vamp – бордо и Role Model – мастило боја.

SLIKA-3

Еден маркер можете да го купите по цена од околу12 долари.  

 

Е.С.

 

pic1/ us.ciatelondon.com

pic2/ mobile.twitter.com

pic3/allure.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.