Тест: Дали слушате доволно добро за годините?

За разлика од другите органи на телото кои се регенерираат, увото ја нема оваа способност.

Со текот на времето, како што старееме, постојаната изложеност на звуци може да доведе до ослабнување на нервните завршетоци во увото, а со тоа и сè послабо можеме да ги слушаме тоновите на висока фрекфенција.

Во увото се наоѓаат околу илјада нервни завршетоци поради кои можеме да слушнеме звуци на различна фрекфенција. Тие нервни завршетоци испраќаат сигнал до мозокот, каде што звуците се процесираат.

Доколку сте личност која има проблеми со слухот, сигурни сме дека досега сте го направиле овој тест за слухот. Но, доколку сте личност која смета дека има добар слух, дали до сега сте имале прилика да се тестирате? Доколку не, Ви нудиме можност за тоа.

 

Фрекфенцијата од 8000 Hz може да ја слушне секој.

Фрекфенцијата од 12000 Hz треба да ја слушнете ако имате помалку од 50 години.

Фрекфенцијата од 15000 Hz треба да ја слушнете ако имате помалку од 40 години.

Фрекфенцијата од 16000 Hz треба да ја слушнете ако имате помалку од 30 години.

Фрекфенцијата од 17000 Hz треба да ја слушнете ако имате помалку од 24 години.

Фрекфенцијата од 19000 Hz треба да ја слушнете ако имате помалку од 20 години.

 

Е.С.

 

pic1/ nicole-kidman.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.