Разлика помеѓу билна и природна козметика

Една од најчестите грешки кои се прават кога станува збор за козметиката се неправењето разлика помеѓу природна и билна козметика. Единствено по кое тие се исти е тоа дека тие се еколошки поприфатливи од класичните креми. А, еве кои се разликите:

Природна козметика. Природната козметика е токму она што самото име кажува – природна. Тоа значи дека оваа козметика е изработена само од природни состојки, без никакви вештачки додатоци. Основната идеа на природната козметика е тоа дека проблемите со кожата можат да се отстранат со благотворното дејство на билките. Природната козметика не можете да ја најдете на полиците во класична парфимерија и таа има рок на траење само неколку дена. Секако, на Вас останува изборот дали ќе користите природна козметика, бидејќи секоја кожа не се согласува со она „природното е подобро“.

SLIKA

Билна козметика. Билната козметика се базира на билни екстракти, но може да има и вештачки додатоци и хемикалии, за да може оваа козметика подолго време да стои на полиците и да се употребува. Охрабрете се да ги купувате овие производи, бидејќи нема да се разболете доколку на себе нанесувате од овие хемикалии. Тие не се воопшто штетни за разлика од храната која ја консумирате наредена на полиците во продавниците.

SLIKA-3

Совет: Без разлика дали ќе употребувате производи од природна или билна козметика, секогаш за почеток купувајте крема во мала количина, употребувајте ја неколку дена, па потоа одлучете дали Ви одговара или не. Доколку имате реакција и црвенило на кожата – таа крема не е за Вас. Во тој случај посетете дерматолог.

 

Е.С.

 

pic1/ mosshouse.com.au

pic2/ mommypotamus.com

pic3/ rmcluniverse.wordpress.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.