Придобивки од костените

Со есента пристигнува и неповторливиот мирис на печени костени.

Освен што се премногу вкусни, тие се и здрави за консумирање. Може да се консумираат печени, варени, сушени или во вид на брашно. Содржат многу витамини и минерали, меѓу кои калиум, калциум, магнезиум, железо, фосфор и скоро сите витамини од групата Б.

SLIKA-2

Ова се пирдобивките од консумирањето костени:

Го подобруваат варењето на храната. Содржат голема количина на влакна кои го намалуваат нивото на лошиот холестерол во крвта и го подобруваат работењето на желудникот и цревата.

Го чуваат срцето и бубрезите. Бидејќи се богати со фосфор и калиум, костените се препорачуваат да ги консумираат оние кои страдаат од срцеви и бубрежни заболувања.

Ги зајакнуваат коските и имунитетот. Поради тоа што содржат бакар овозможуваат зајакнување на коските, помагаат при производство на повеќе црвени крвни зрнца и го зајакнуваат имунитетот.

Имаат висока енергетска вредност. 100 гр костени содржат околу 250 калории.

Одлични се за подготовка на специјалитети. Бидејќи во себе содржат скроб, костените се одлини за подготовка на пире, супа, smoothie и други најразлични здрави специјалитети.

SLIKA-3

 

Е.С.

 

pic1/ happyfoodstube.com

pic2/ greatbritishchefs.com

pic3/ food.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.