Правилно нанесување на маскара во боја

Сигурни сме дека во тинејџерските денови сте имале барем една маскара која била во боја, а не црна. Но, маскарите во боја не се само за тинејџерки, доколку правилно ќе ги прилагодите со целиот make up. Освен тоа, тие дефинитивно ќе Ви овозможат освежен изглед.

Усогласете ги боите. Доколку сакате Вашите очи да заблескаат усогласете ги боите. Бојата на маскарата нека биде иста боја како и сенката за очи.

Усогласете ги боите со бојата на очите. Вака можете да достигнете уште подраматичен изглед. Доколу имате зелени очи, употребувајте земјени бои, а доколку имате сини, употребувајте бои кои во себе содржат сина база, како виолетова, тиркизна, индиго и слично.

SLIKA-2

Нагласете ги само трепките. Бојата на трепките нека биде во согласност со бојата на Вашите очи, а останатата шминка нека биде неутрална, без притоа да нанесувате туш или моливче за очи.

SLIKA-3

 

Е.С.

 

pic1/ magi-mania.de

pic2/ candykiller.pl

pic3/ pinterest.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.