Најчести грешки при обликување на веѓите

Во продолжение Ви ги претставуваме најчестите грешки кои ги правиме при обликувањето на веѓите:

Огледало за зголемување. Најосновната грешка е употребата на огледало за зголемување. Иако ваквото огледало може да Ви помогне при чупкање на најситните влакненца, сепак тоа го зголемува целото подрачје кај веѓите, па така немате добра прегледност колку влакненца всушност треба да исчупкате. Бидете сигурни дека оние влакненца кои не можете да ги видите на обичното огледало, нема да ги видат ни дугите луѓе.

Чупкате повеќе од едно влакно одеднаш. Можеби сте во брзање, но тоа не е оправдување со чупалицата да фаќате повеќе од едно влакно за побрзо да ја завршите работата. Секогаш постои можност да повлечете некое влакно од совршениот лак на веѓата и да направите вдлабнатина меѓу влакната.

Започнете со обликување од средината. Многумина веѓите ги чупкаат од крајот на лакот кон почетокот, што е доста погрешно. Всушност, треба да започнете од средината каде што има најмногу влакненца и да се движите кон крајот на лакот, а дури потоа да се вратите на почетокот на веѓите.

Неправилен лак на веѓите. Многу жени врвот на лакот го оформуваат многу близу до коренот на носот, што е многу погрешно. За да го пронајдете соодветното место за врвот на лакот можете со бело моливче за очи да повлечете линија од врвот на носот до зениците на окото. Местото каде што моливчето ќе премине преку веѓите, треба да биде место каде што ќе биде највисоката точка на лакот.

SLIKA-2

Премногу кратки веѓи. Премногу кратките веѓи визуелно го зголемуваат опсегот на лицето и го прават позаоблено. За да ја продолжите линијата на веѓите, со истото бело моливче повлечете линија од врвот на носот до надворешниот аголк на очите. Тука треба да биде завршетокот на веѓите.

Веѓите не ги чупате (обликувате) често. Доколку веѓите не ги обликувате често, ќе пораснат сите влакненца, а со тоа ќе го загубите и сразмерниот облик на веѓи кој Ви го направила козметичарката или пак, Вие сте потрошиле драгоцено време за да го постигнете.   

SLIKA-3

 

 Е.С.

 

pic1/ readunwritten.com

pic2/ theannexclinic.com

pic3/ pinterest.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.