Футуристички тренд: Коса која свети во темница

Најновиот тренд на боење на косата изгледа буквално футуристички, исто како лакот за нокти кој свети во темница, кој беше во тренд.

Преку ден косата изгледа „нормално“ и ја апсорбира светлината, за во темница да свети во неонски бои. Оваа боја е привремена и лесно се мие, така што не мора да стравувате дека ќе имате некои подолготрајни последици.

Овие бои даваат најдобри резултати на лица со руса и костенлива коса, а оние со кафеава или црна претходно треба да се избланшираат.

SLIKA-2

Супер е и тоа што можете да нанесете повеќе бои одеднаш, за пошарен и подраматичен изглед.

Брендот Manic Panic, овие фарби ги продава по цена од 15 долари, а брендот Hair Crazy по цена од 5 до 10 долари.

 

Е.С.

 

Pic1/ theloop.ca

Pic2/ huffingtonpost.ca

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.