Правилно вежбање на одредени вежби

Главните виновници за неуспешните резултати од вежбањето сме најчесто самите ние. Додека вежбаме, секогаш гледаме да ескивираме или да си олесниме со помош на рацете или нозете.

Се обидуваме да си олесниме додека правиме склекови со помош на грбот, додека правиме стомачни или ножички или возиме точак си олеснуваме со рацете. Во овие случаи вежбањето нема никаков ефект. Токму затегнувањето на мускулите е тоа што треба да го чувствуваме додека вежбаме.

Трчањето на траката не смеете да си го олеснувате со држење за рачките. Доколку чувствувате дека 15 минути не Ви се доволни за трчање, зголемете на 20 минути, но никако не го забрзувајте темпото на трчање.

SLIKA-2

Додека работите со теговите не брзајте. Лесните контролирани движења ќе им дадат совршена форма на Вашите мускули. Доколку чувствувате дека одреден број на серии не Ви се доволни, тогаш дополнете со уште една серија, но никако не го забрзувајте темпото.

SLIKA-3

Досадата може да се појави честопати во текот на вежбањето, па затоа пуштете си музика или доколку вежбате дома пуштете си некој добар филм или серија. Исто така, не мора да вежбате секогаш по истиот редослед на вежби. Одвреме навреме измешајте го редоследот.

И запомнете, испотената маица во теретана никако не смее да Ви претставува проблем и поради тоа да чувствувате срам, туку баш напротив.

 

Е.С.

 

pic1/ earnspendlive.com

pic2/ loisirs-sportifs.info

pic3/ sisiwasabi.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.