Видео: Нокти со огледало-ефект

Ноктите треба да бидат сè, само не досадни. Убавината на рацете, особено на ноктите е многу важна и за самите Вас и за впечатокот кој ќе го оставите врз другите околу Вас.

Токму поради тоа, овој пат Ви предлагаме да си направите нокти со огледало ефекткој совршено изледа на било која должина и било кој облик на нокти, а погледнете го и видеото за да видите како да го изработите тоа:

На пазарот можете да најдете лакови со огледало ефект или фолии, но најдобро успева ако употребите прав за нокти со огледало ефект.

Без разлика на тоа дали ќе употребувате гел или обичен лак за нокти, секогаш внимавајте површината на ноктот да е рамна, без никакви испакнатини или вдлабнатини. Доколку сепак ги има употребете ситна турпија за да ги израмните деловите. Нанесете и top coat, а потоа следи нанесувањето на правот. Пред да го нанесете правот ноктите премачкајте ги со алкохол за подобар ефект. Правот можете да го нанесете со апликатор за сенка за очи, сунѓерче или со прсти. Откако ќе завршите со нанесувањето на правот, повторно нанесете top coat.

 

Е.С.

 

pic1/ nailsmeup.com

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.