Колкупати би требало да се чисти лицето?

Редовното чистење на лицето претставува основа за нежна и блескава кожа.

Лицето е потребно да се чисти по два пати во текот на денот, наутро и навечер. Но, доколку секојдневно носите „тешка“ шминка, не е на одмет да го исчистите уште еднаш во текот на попладневните часови кога ќе си дојдете дома од предавања или од работа. Најлоша опција е попладневен одмор со шминка на лицето.

Наутро, откако ќе го измиете лицето, можете да го пребришете со тоник или мицерална вода за лице, а потоа нанесете дневна крема. Средствата за чистење на лицето во облик на гел погодни се за оние кои имаат проблематична кожа подложна на воспаленија. Оние кои имаат сува кожа лицето не мораат да го мијат со вода, бидејќи тврдата вода која тече низ чешмите дополнително може да го исуши лицето. Можете да го исчистите само со тоник или мицерална вода.

SLIKA-2

Вечерната рутина на чистење на лицето мора да биде потемелна, бидејќи во текот на денот врз него се собира сета нечистотија. Најпрво измијте го лицето со сапун и вода за да го отстраните поголемото количество нечистотија и шминка. Потоа нанесете млеко за чистење на лицето и малку топла вода врз него за да се отворат порите на лицет за да можете подобро да го исчистите. По ова следи тоникот или мицералната вода. Откако памукчињата за чистење лице ќе видите дека се целосно чисти, можете да нанесете ноќна крема.

SLIKA 3

СОВЕТ: Влажните марамчиња не се доволни за темелно чистење на лицето. По нивната употреба нанесете тоник или мицерална вода.

 

 Е.С.

 

pic1/ g2skincare.wordpress.com

pic2/ chatelaine.com

pic3/ fashion.hr

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.