„Smoothie“ со круша, банана, урми…

SMOOTHIE СО КРУША И БАНАНА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ДИГЕСТИВНИОТ СИСТЕМ

Доколку имате било какви проблеми со дигестивниот систем, ова smoothie е токму тоа што Ви треба. Целосно зрелите банани содржат пробиотик, додека крушите и ѓумбирот ја подобруваат дигестијата и ги намалуваат стомачните гасови.

SLIKA-2

Потребни состојки:

2 целосно зрели банани

1 замрзната банана

3 зрели круши

2 излупени урми

5 см свеж ѓумбир

1 парче целер

½ краставица

1 шолја кокосова вода или филтрирана вода

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во 2 чаши и декорирајте со круша.

SLIKA-3

На здравје!

 

Е.С.

 

pic1/ flavorthemoments.com

pic2/ livestrong.com

pic3/ recepten.planetfem.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.