Доволна количина за нанесување на козметиката

ДАЛИ ЗНАЕТЕ КОЈА Е СООДВЕТНАТА КОЛИЧИНА ЗА НАНЕСУВАЊЕ НА КОЗМЕТИЧКИТЕ ПРОИЗВОДИ?

Дали некогаш сте се запрашале дали постои соодветна количина на кремата која ја нанесувате на лицето?

Веруваме дека повеќето од Вас ставаат произволна количина, односно онолку колку што сметаат дека е доволно.  Но, ако сакате од производот да го извлечете максимумот и да имате позитивни резултати од него (преголемата количина може да има и спротивен ефект), прочитајте ги следниве количини на одредени производи:

Крема за лице – во големина на контактни леќи

Крема за околу очи – во големина на едно зрно ориз

Маска за лице – во големина на една јагода

Крема за пилинг – во големина на еден бадем

Гел за чистење лице – во големина на капаче од пластично шише

Масло за лице – во големина на семка од тиква

Серум – во големина на зрно кафе

Крема за самопотемнување – во големина на коцка од чоколадо

SLIKA-2

 

 

Е.С.

 

pic1/ livestrong.com

pic2/ pinterest.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.