Зошто лакот за нокти Ви трае многу кратко?

Дали откако ќе ги налакирате ноктите, лакот Ви трае само еден или два дена? Еве каде грешите:

Нечисти нокти. Лакот нема да стои доволно долго ако ноктите не ги исчистите од претходниот слој лак или не ја отстраните нечистотијата, прашината или маснотијата што се собира меѓу ноктот и  кожата. Првиот чекор започнете го со чистење на ноктите со четкичка за заби и сапун.

Доколку нанесувате крема за раце или некој лосион, маснотијата од ноктите отстранете ја со помош на памук и ацетон.

Не употребувате базен лак. Безбојниот или базен лак се употребува како подлога врз која ќе го нанесете својот омилен лак во боја. Бидејќи безбојниот лак има леплива и мека структура, лакот во боја подобро ќе го нанесете, а ќе трае и подолго.

SLIKA-2

Неправилно нанесување на лакот. Ноктот треба да го налакирате во три потези: еден потег со четкичката на средина и уште по еден од левата и десната страна на ноктот. Пред да го нанесете вториот слој лак, почекајте првиот слој целосно да се исуши.

SLIKA-3

Не нанесувајте top coat кој брзо се суши. Надлакот кој се суши поспоро, остава цврст заштитен завршен слој.

Не внимавате на ноктите додека работите. Активностите кои овозможуваат шотетување на лакот, правете ги внимателно или употребувајте некое заштитно средство. На пример, додека миете садови ставете си гумени ракавици. Исто така, секој втор ден нанесувајте top coat кој брзо се суши, бидејќи тој ќе го продолжи „векот на траење“ на лакот, а воедно ќе овозможи и посјаен изглед.

 

Е.С.

 

pic1/ care2.com

pic2/ goodhousekeeping.com

pic3/ goodhousekeeping.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.