Примена на солта со козметичките препарати

Дали сте знаеле дека солта може да ѝ биде од голема помош на убавината? Но, не само тоа, таа може да послужи и за ублажување на болките. Еве како:

За ублажување на болките. Направете раствор од вода и сол за да ја намалите болката на повреденото место. Едноставно, тријте го растворот врз повредата. Исто така, можете да се ослободите од главоболката доколку во една чаша вода додадете 1 кафена лажица сол и ја испиете.

За мрсна коса. Солта додадена во шампонот за коса помага во неговото подобро делување. Додадете малку сол во омилениот шампон за коса и измијте ја косата со него. Подобар ефект би имале доколку шампонот претходно малку го загреете. Нанесете го на косата и оставете го 20 минути, а потоа исплакнете. Ова помага при мрсна коса и подобрување на волуменот.

SLIKA-2

За нега на кожата на стапалата. Доколку имате проблем со суви стапала измешајте малку сол со маслиново масло и истријте ги стапалата со оваа смеса. Оваа постапка повторете ја неколку пати неделно за мазна кожа на стапалата.

  NASLOVNA

 

Е.С.

 

pic1/ beautonex.com

pic2/ replenishplus.com

pic3/ allergicliving.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.