Намалување на килограмите со јаболка и круши

Ви нудиме неколку начини за тоа како можете да ги намалите килограмите со консумирање на јаболки и круши.

Изедете една нелупена јаболка или круша околу половина час пред јадење. Ова ќе Ви ја задоволи потребата за храна и ќе Ве заштити од прејадување. Доколку одите на некоја забава или во ресторан каде ќе се служи храна, изедете едно јаболко пред да тргнете. Но, земете и едно со себе.

Подготвувајте најразлични smoothies од јаболка или круша. Можете да ги подготвувате за појадок или за ужина. Најразлични smoothies можете да најдете во категоријата НА МЕНИ

SLIKA-2

Консумирајте едно јаболко или круша пред секој тренинг. Без разлика дали посетувате фитнес, пилатес, јога, теретана или пак, вежбате во домашни услови, секогаш консумирајте по едно јаболко или круша пред да почнете со вежбање. Тие содржат јаглехидрати кои му се потребни на телото, особено при интензивни вежби.

Подгответе си вкусна ужина. Јаболкото или крушата исечете го на тенки кришки и премачкајте ги со путер од кикирики или пак, подгответе си вкусна овошна салата од јаболко, круша, банана и/или други овошја.

Подгответе си ниско-калорични десерти. Јаболките или крушите можете да ги претворите во вкусни ниско-калорични десерти. Можете да ги подготвите како компот, сладолед, да ги испечете во рерна или на скара, да подготвите вкусен чипс или да ги консумирате суви.

 SLIKA-3

 

Е.С.

 

pic1/ livelearnloveeat.com

pic2/ thechive.com

pic3/ 1zoom.me

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.