25 години постоење на Галафарм

„Кога љубовта не познава граници,

чистата емоција создава богатства.

Кога позитивната енергија е дел од нас,

Чудата стануваат дел од нашето секојдневие.

Кога се раѓа идеја за создавање,

се раѓа и можност за светлина и прекрасна емоција.“

 

Приказната на Галафарм започнува со чиста емоција и со желба да се создаде нешто што е добро, квалитетно, природно и наше, истовремено слушајќи ги Вашите потреби, драги наши купувачи. За нашата прва средба, сета љубов и грижа ги преточивме во единствената детка витаминска крема, којашто за сиве овие години им овозможи беспрекорна нега на многу генерации, бидејќи Вие и Вашите најмили го заслужувате само најдоброто.

SLIKA-2

Како бисери се нижеа идеите, како мозаик составуваме заедно со Вас дел по дел од нашиот асортиман и за сето тоа време знаевме дека Вие секогаш ќе бидете наша инспирација којашто не води напред и ни дава поттик да бидеме подобри.

Навистина ни е чест што дозволивте да бидеме дел од Вашите животи, што не бодрите со секој нов чекор и што ни овозможивте да создадеме едно големо семејство во коешто секој од нас има свое посебно место. Од срце Ви благодариме за укажаната доверба и поддршка бидејќи Галафарм сме сите ние заедно и постоиме поради Вас.

SLIKA-3

10 години добра производствена пракса (GMP-Good Manufacturing Practice)

25 години наша заедничка гордост и иновација.

25 години Галафарм – Ваша и наша приказна!

 

 

Галафарм

Биди поздрав, биди посреќен!