Целосно покривање на тетоважата (видео)

Без разлика на тоа колку си ги сакаме тетоважите и колку сакаме да ги покажеме на другите, бидејќи тие се важен симбол кој нè претставува, постојат некои ситуации и моменти кога тие мораат да бидат скриени, како на пример на интервју за работа.

Во овој сличај сигурно не би размислувале за отстранување на тетоважата и тоа не само затоа што е болно и скапо, туку и затоа што тоа би било како да се отстранува еден дел од себе, нешто што Ви се допаѓа и на некој начин Ви го отсликува персоналитетот.

Токму затоа, Ви предлагаме да го погледнете видеото во кое се прикажува како да ја покриете тетоважата со шминка, наместо да лепите фластери или да носите неудобна облека.

 

Оваа шминка е евтина за купување или можеби веќе ја имате во несесерот, па затоа вреди да се проба.

Ова се едноставните чекори:

Доколку тетоважата се наоѓа на место каде што имате влакна, рацете на пример, избричете ги влакната за да не се собира шминка околу нив, а со тоа и да не се постигне посакуваниот ефект.

Нанесете лосион или primer врз тетоважата.

Нанесете течна пудра, за нанесување можете да употребите и четка.

Проверете дали имате портокалов или розевкаст тон на кожата и од истата боја нанесете кармин или сенка за очи.

Испрскајте со лак за коса и оставете да се исуши.

Нанесете уште еден слој од карминот или сенката за очи и повторно испрскајте со лакот за коса.

Потоа, со апликатор нанесете еден слој коректор и испрскајте со лак за коса.

Нанесете уште еден слој коректор, но овој пат без апликатор, испрскајте со лак за коса, а потоа нанесете камена пудра.

 

Ова можеби ќе Ви одземе малку повеќе време, но дава позитивни резултати.

 

Е.С.

 

pic1/ communitytable.parade.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.