Црна лимонада за детоксикација на организмот

Црната лимонада во светот станува вистински хит и особено е добра за оние кои сакаат да го исчистат телото од токсини и да ги намалат килограмите. Исто така, одлична е за мамурлак.

Оваа лимонада е многу подобра и поздрава од обичната лимонада. Содржи активен јаглен кој ја дава црната боја, а добиен е од кокосова кора, дрво и тресет, но, содржи и  лимон, лимета, вода и засладувач.

SLIKA-2

Оваа црна лимонада можете да ја подготвите и во домашни услови. Најпрво набавете си активен јаглен во вид на таблети од аптека. Една таблета е доволна за една чаша лимонада.

Во ½ чаша вода додадете 1 таблета активен јаглен, свежо цеден сок од 1 лимон и свежо цеден сок од 1 лимета. За подобар вкус, можете да додадете засладувач, а најдобар избор е медот.

SLIKA-3

 

SLIKA-4

 

Е.С.

 

pic1/ thrivemarket.com

pic2/ foodblogs.com

pic3/ amandoblogs.com

pic4/ feedsquared.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.