Убави и свежи со помош на овој зеленчук

Поради моќното дејство на водата која е во најголем процент содржана во краставицата, Б витамините и поради витамин Ц исто така содржано во овој зеленчук, краставицата може да помогне во намалување на отоците под очите како, намалување на црвенилото и свеж изглед. Освен што е многу здрава за консумирање во секојдневната исхрана, постои начин како да ја искористите и за нега на кожата на Вашето лице, особено кај делот под очите.

корисен зеленчук
корисен зеленчук

Се чувствувате уморни после напорен ден, чувствувате тежина на очите а не можете да заспиете? Што можете да пробате? Се што треба да направите е да земете свежа краставица од фрижидер, односно да исечете 2 тенки кругчиња краставица и да ги ставите на очите, одмарајте со нив до 1 час или колку сметате дека Ви е потребно и потоа ќе ја осетите свежината на Вашата кожа.

 

Пробајте ја и оваа домашна маска за лице, за еластичност, регенерирање и свежина на кожата на лицето:

Потребни ви се краставица, млеко и мед. Краставицата треба да биде пасирана, додадена во смеса од 1 лажица млеко и 1 лажичка мед. Промешајте убаво, нанесете од смесата на лицето и смесата нека стои околу 15-20минути, а потоа убаво измиете го лицето со вода.

 

*Дали знаевте дека краставицата може да помогне моментално и во борбата против целулитот? Пробајте со триење на едно или две парчиња краставица на критичното место, неколку минути. Може да даде одлични резултати доколку редовно се практикува.

 

Ц.Б.