Егзотично „honeymoon-smoothie“

Токму поради благите состојки кои се содржани во ова smoothie – се нарекува Honeymoon smoothie. Во себе содржи банана, урми и манго. Со додавање на јаткасти плодови и мед се претвора во силен афродизијак.

SLIKA-2

Потребни состојки:

1 ½ шолја млеко

1 банана

1 манго

4 урми

½ дланка јаткасти плодови по желба (ф’стаци, бадеми, ореви, лешници)

½ суво овошје (грозје, кокос, шумско овошје)

2 супени лажици мед

2-3 коцки мраз

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во 2 чаши и декорирајте со ситно исецкани јаткасти плодови.

SLIKA-3

На здравје!

 

Е.С.

 

pic1,2/ globaltableadventure.com

pic3/ pinterest.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.