Маски за лице од зелено грозје

МАСКИ ЗА ЛИЦЕ ОД ЗЕЛЕНО ГРОЗЈЕ ЗА СЕКАКОВ ТИП НА КОЖА

 

Зеленото грозје во себе содржи антиоксидански кои го успоруваат процесот на стареење на кожата, ѝ овозможуваат хидратација, ја прават еластична , мека и нежна и ја поттикнуваат циркулацијата.

Токму поради овие причини, Ве советуваме да си приготвите маска соодветна на Вашиот тип на кожа и да започнете со есенското разубавување!

SLIKA-2

Маска за осетлива кожа. Оваа маска ќе ја смири кожата. 2 супени лажици цедено бело грозје измешајте со 1 кафена лажица јогурт и 1 кафена лажица мед. Со оваа смеса премачкајте го лицето и оставете да отстои 20 минути. Исплакнете со млака вода.

Маска за проблематична кожа. Изгмечете 1 шака грозје и измешајте го со 1 кафена лажица овесни снегулки. Со оваа смеса премачкајте го цело лице и оставете да отстои 15 минути. Исплакнете со млака вода.

SLIKA-3

Маска за мрсна кожа. Измешајте 2 супени лажици цеден сок од грозје и 1 жолчка од јајце. Додека мешате, додавајте пченично брашно или скроб и мешајте додека не добиете смеса со густина на тесто. Смесата нанесете ја на лицето и оставете да отстои 15 минути. Исплакнете со млака вода.

 

Е.С.

 

photos/femmeactuelle.fr, makeupandbeauty.com, indiglamour.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.