Исправени нозе на sид: Кои се придобивките?

7 ПРИДОБИВКИ ОД ИСПРАВЕНИ НОЗЕ НА ЅИД

 

Оваа јога вежба „Исправени нозе на ѕид“ се изведува токму онака како што се кажува. Легнете на подот веднаш до ѕидот и исправете ги нозете по должината на ѕидот и спојте ги. За подобра терапевтска верзија, можете под колковите да ставите и перница. Оваа вежба се изведува од 10 до 15 минути, но доколку немате доволно време, и 2 минути можат да бидат доста значајни.

SLIKA-2

Еве кои се придобивките од оваа јога вежба:

 

Помага при истегнување на задниот дел на нозете, грбот и вратот;

Ги олабавува уморните мускули на нозете;

Го намалува отокот на нозете и стапалата по напорното стоење;

Го регулира протокот на крв;

Ги намалува менструалните болки и грчеви;

Го подобрува варењето на храната;

Помага при проширени вени;

Помага при проблеми со јајниците и тестисите;

Помага при болки во грбот;

Ја смирува напнатоста и релаксира.

 

Ве советуваме често да ја практикувате оваа вежба, особено непосредно пред спиење. Ве очекуваме да ги споделите Вашите искуства со оваа вежба.

 

Е.С.

 

pic1/ asmy.org.au

pic2/ busy-bod.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот