Вежбање јога во текот на бременоста

Пренаталното вежбање е одличен начин за тоа како да останете фит и во текот на бременоста. Освен тоа, со помош на јогата ќе научите како до правилно дишење, ќе се стекнете со доволно сила која ќе Ви биде потребна при породувањето, ќе ги намалите стресот и напнатоста, ќе ја подобрите циркулацијата на крв и ќе го подобрите балансот и држењето на телото.

SLIKA-2

Доколку никогаш во животот не сте се занимавале со јога, ова е вистинско време да почнете. Многу е важно јога вежбите да бидат прилагодени на Вашата моментална состојба и со Вас постојано да имате инструктор. Исто така, многу е важно да видите дали тие вежби кои ќе Ви бидат дадени од инструкторот ќе можете да ги практикувате, бидејќи сите бремени жени не функционираат на ист начин. Доколку почувствувате неудобност во текот на вежбањето, треба веднаш да престанете со таа вежба и да продолжите со некоја поинаку модифицирана или сосема нова.

Доколку пак, пред бременоста веќе сте се занимавале со јога, информирајте го инструкторот дека веќе сте бремени, а тој треба да Ви посочи соодветни вежби за Вас.

Она што треба да знаете е дека вежбите со силно истегнување на мускулите или оние со подолго лежење на грб не треба да ги практикувате. Доколку е потребно, за одржување на баланс на телото користете се со некоја потпора, како стол, ѕид, стап и слично.

SLIKA-3

И секако, најважно е пред да започнете со вежбање јога, да посетите лекар кој ќе Ве насочи кон активностите кои се најпогодни за Вас.

 

Е.С.

 

pic1/ pinterest.com

pic2/ federicaville.com

pic3/ averykalapa.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.